Ибраими не дозволи Пелистер да ја изненади Шкендија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шкендија нешто потешко од очекуваното, но сепак славеа над Пелистер на свој терен со 2-1.

Почетните минути од натпреварот во Тетово донесоа изненадување, Спировски по само седум минути игра по една мешаница при изведен корнер најдобро се снајде и ја погоди мрежата.

Шкендија тргна по израмнување и брзо создаде неколку прилики, израмнувањењто стигна преку ветеранот Бесарт Ибраими во 21. минута. Иако до крајот на првиот дел видовме и уште некоја прилика сепак на пауза се замина со по еден гол и на двете страни.

Во вториот дел Шкендија постигна уште еден гол и тоа повторно преку Ибраими по нешто повеќе од еден час игра. Пелистер се обиде, меѓутоа немаше сили да дојде до втор гол и да избегне пораз.

За Шкендија ова секако се важни бодови пред големото дерби против Вардар кое се игра веќе в четврток на теренот на ФФМ.