Вардар и Шкендија големото дерби ќе го играат на теренот на ФФМ

Во текот на оваа недела ќе биде одиграно и 21. коло во Првата македонска фудбалска лига, а во него ќе го гледаме и дербито помеѓу Вардар и Шкендија.

Големите ривали ќе се сретнат во натпревар во кој конечниот исход сигурно ќе има големо значење во битката за титулата, бидејќи Вардар е лидер, а Шкендија се наоѓа на втората позиција.

Овој дуел ќе биде одигра на тренинг-центарот на ФФМ „Петар Милошвски“ во терминот од 14:00 часот. 

Шкендија денеска го затвора 20. коло во дуелот со Пелистер на домашен терен и ако слави во натпреварот против Вардар ќе влезе со четири бода негатива. На претходниот натпревар помеѓу овие два тима, Вардар во Тетово славеше победа со 1-0.