Ѓуроски: Максимално сме мотивирани и подготвени за нов триумф

Новиот кошаркар на МКК Куманово, Стојан Ѓуроски вечерва повторно ќе биде меѓу лидерите на македонската репрезентација.

Македонија гостува кај Азербејџан кого во ноември на домашен терен го совладавме на домашен терен со 38 поени разлика. Јасно е дека разликата во квалитет е на наша страна и затоа се очекува добра игра и победа, а Ѓуроски силно верува во тоа.

„Ја познаваме добро азербејџанската репрезентација од првиот натпревар. Нема поголеми промени во составот, а ние сме максимално мотивирани и подготвени да аодиме на победа од првата минута. Најважната задача на овој натпревар ќе ни биде со тимска одбрана да го запреме нивниот најдобар играч Ван Бек. Ако го направиме тоа, ќе имаме добра шанса да сгигнеме до посакуваната победа на овој натпревар“, смета Ѓуроски.