Тројца фудбалери постигнале повеќе голови од Меси од слободен удар - сите се Бразилци! (ВИДЕО)

Изминатата вечер Лионел Меси имаше нов одличен настап за Интер Мајами во кој го водеше својот тим до пресврт и победа од 4-2 на гости кај Орландо.

Меси во овој дуел беше стрелец на два гола, еден од нив дојде по прекин. Аргентинецот во овој момент со 70 гола е четврти во историјата по бројот на постигнати погодоци од слободен удар, пред него има само тројца фудбалери и тоа сите Бразилци.

Легендарниот Жунињо е трет со само два повеќе, потоа Роберто Динамите има 75 и на врвот е Марселињо Кариока со 78.