Супер Марио - Илиевски постигна гол од центар за Приштина! (ВИДЕО)

23-годишниот македонски напаѓач, Марио Илиевски игра во голема форма во дресот на Приштина, синоќа во првенството на Косово постигна гол кој ќе се прераскажува.

Приштина синоќа одигра 1-1 против Дрита, а единствениот гол за домаќините беше дело на нашиот Марио Илиевски.

Македонецот погоди од центар и ги воодушеви сите. 

Илиевски игра во голема форма оваа сезона, има постигнато десет голови во најдобрата косовска лига и е на второто место на листата на стрелци во шампионатот.