Шешко повторно му донесе победа на Јунајтед - „ѓаволите“ избија на третото место (ВИДЕО)
Откако во понеделникот стрелаше за триумф на гостувањето кај Евертон, напаѓачот денеска го постигна победничкиот гол и во дуелот против Кристал Палас на Олд Трафорд на кој Јунајтед славеше со 2-1. Со оваа победа, „ѓаволите“ избија на третото место бидејќи имаат ист број бодови, но подобра гол разлика од Астон Вила.
Мечот не почна добро за Јунајтед затоа што веќе во четвртата минута Лакроа го отвори резултатот и им донесе победа на гостите. Истиот играч во 56. минута беше исклучен поради прекршок за пенал по кој Бруно Фернандес од белата точка израмни на 1-1. Португалскиот ас и осум минути подоцна беше клучен за својот тим откако го проигра Шешко, а тој го постигна голот за победа на Јунајтед. Тоа е шести триумф за тимот од Манчестер во последните седум кола од Премиер лигата.
Интересно е тоа што и останатите два меча од попладневната програма во Премиер лигата завршија со идентичен резултат (2-1), Фулам го победи Тотнем, а Брајтон беше подобар од Нотингем Форест.