Соиграч на Миовски даде гол со „ножички“: Ренџерс прокоцка два гола предност со Селтик (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ренџерс ремизираа против Селтик (2-2) во 29. коло од шкотскиот шампионат, а македонскиот напаѓач Бојан Миовски остана на клупата за резерви.

Јусеф Шермити го отвори резултатот во дербито против Селтик во осмата минута, и тоа со неверојатни „ножички“.

Ренџерс го зголеми водството преку истиот фудбалер во 26. минута, па со предност од 2-0 замина на паузата.

Селтик се обидуваше да ја анулира негативата и првиот гол го постигна преку Киран Тирни во 57. минута, додека вториот погодок беше дело на Рео Хатате во 91. минута.

Фото: Facebook/Rangers FC