Луда аукција: Оделото на Јута Лердам од Милано продадено за вистинско богатство
Одeлото во кое освои злато на 1.000 метри и сребро на 500 метри беше продадено за неверојатни 195.000 евра на лицитација во која влегле двајца бизнисмени.
Само еден час пред затворањето на аукцијата, највисоката понуда изнесувала нешто повеќе од 9.000 евра. но тогаш започнала наддавањето на понудвачите, па цената драстично се зголемила многу брзо.
Со оделото Лердам привлече внимание уште и на настапите кога го откопчуваше со цел да го прикаже спортскиот градник на „Најк“ кој е нејзин личен спонзор.
Инаку на платформата „MatchWornShirt“ не се продава само оделото на Лердам, туку и оние на нејзините тимски колешки и олимписки шампионки Фемке Кок (злато на 500 метри) и Антонаета Рипма-Де Јонг (злато на 1.500 метри). Сепак, комбинезонот на Леердам стана апсолутен хит на аукцијата, а нејзината популарност и медиумско внимание дополнително ја зголемија неговата вредност.