Росоман не се шегува: Му посака добредојде на - Роналдо! (ФОТО)

Екипата на Росоман која се натпреварува во Третата лига – југ во текот на вчерашниот ден објави неколку засилувања за продолжение од сезоната, а едно од нив привлече посебно внимание.

Имено, нов член на ФК Росомен е Роналдо Фазлиов кој во клубот пристигнува од редовите на Дреново.

„Со особена чест и задоволство му посакуваме добредојде на  Роналдо Фазлиов, кој ни се приклучува од редовите на ФК ДРЕНОВО.!

Му посакуваме многу успешни настапи и многу голови во дресот на нашиот клуб. Добредојде Роналдо“, стои во објавата на третолигашот на социјалните мрежи.