Охрид во второто полувреме го „скрши“ Бутел за старт со победа во плејофот
Охрид беше голем фаворит во овој натпревар, но Бутел покажа мускули во првиот дел кој заврши со само еден гол предност за гостите, беше 11-10.
Но, во второто полувреме беше поинаку, Охрид додаде гас, почна да се одлепува и на крајот во мирен финиш дојде до убедлива победа од 28-22.
Најефикасен во составот на Охрид беше Ојлески со осум голови, Ѓукиќ постигна шест. Кај Бутел најдобар беше Киселовски со шест голови.
Во овој термин се одигра и меч од плејаутот во кој Пролет со 23-21 го победи Пелистер 2 во Битола.