„Одигравме цврсто против Луксембург, сега фокусот ни е на Азербејџан“

Македонската кошаркарска репрезентација запиша важна победа против Луксембург во претквалификациите за Европското првенство (ЕП) 2029 и сега се подготвува за пресметката со Азербејџан во Баку в понеделник.

Виктор Ефремовски по победата против Луксембург кажа дека е задоволен со прикажаното, но сега цел фокус е ставен на следниот ривал.

„Против Луксембург одигравме цврсто и борбено. Ова останува зад нас, сега целосен фокус на следниот предизвик со Азербејџан. Одиме напред заедно“, кажа Ефремовски.

Евентуална победа на Македонија против Азербејџан ќе ја донесе репрезентацијата на чекор до пласман во следната фаза.