Нè очекува спектакл: Познат фаворитот за освојување на ЛШ

Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска одржа ждрепка по која беа познати паровите во завршницата на Лигата на шампиони (ЛШ), а според обложувалниците веќе е познат фаворитот.

Арсенал е главен фаворит за освојување на елитното натпреварување, односно аналитичарите и обложувалниците му даваат 27,4 отсто шанси да го крене пехарот.

На втората позиција се наоѓа Баерн Минхен со 14,28 отсто, додека трет е Ливерпул со 12,83 проценти, по што следат Манчестер сити со 10,79 проценти и ПСЖ со „само“ 4,64 отсто шанси да го крене пехарот.