ПСЖ пак ќе копира рецепт на Вардар за титула во ЛШ - првиот пат не им успеа!
Французите се обидоа до европскиот трон да стигнат со Раул Гонзалез кој подолго време беше таму, но не успеаа.
Новите информации велат дека за нов тренер ќе го ангажираат и вториот тренер со кој Вардар ја освои Лигата на шампионите, Роберто Парондо.
Според „РТХендбол“, Роберто Парондо ќе замине од Мелсунген и од следната сезона ќе биде нов тренер на ПСЖ.