Мурињо се сокри од сите - во автобус го гледал мечот меѓу Реал и Бенфика! (ВИДЕО)
Во Реал Мадрид дури му подготвиле радио врска од местото каде што требало да седи во ложата со цел да може да комуницира со клупата на Бенфика, но Мурињо не се качил на трибината.
Познатиот новинар Гилем Балаг објави дека според португалскиот весник „Рекорд“, Мурињо останал во автобусот на Бенфика со кој пристигнал на Бернабеу и од таму го следел мечот и веројатно давал инструкции.