„Плукачот“ Мурати доби голема суспензија, казнети се и двајца тренери на Башкими!
Во центарот на вниманието беа случувањата од мечот меѓу Вардар и Башкими каде во финишот од натпреварот се случи инцидент по црвениот картон кој го доби фудбалерот Реџеп Мурати поради плукање кон судијата.
ФФМ соопшти дека Мурати за црвениот картон добива четири меча суспензија.
А тренерите на Башкими, Имери Флурим и Љатифи Сазан, кои исто така добија црвен картон, добија забрана за вршење на функцијата од еден месец.
ФФМ информираше и за суспензии на другите натпревари. Слично како кај Башкими, забрани добија и во Работнички.
На Муарем Муарем од ФК Работнички за исклучувањето на натпреварот од 19. коло во ПМФЛ против АП Брера изречена му е забрана за вршење на функција од еден месец. Идентична казна доби и тренерот на голманите на ФК Работнички, Матеј Миленков кој исто така беше исклучен на средбата во Струмица.
Фудбалерот на Работнички, Никола Пејовиќ за црвениот картон на четвртфиналниот натпревар во Купот на Македонија против Шкендија Арачиново нема право на настап на еден натпревар.
Лазе Гичев фудбалер на ФК Слога 1934 Виница поради добиен црвен картон на натпревар од 16 коло Втора МФЛ меѓу екипите на ФК Слога 1934 Виница-ФК Скопје доби забрана на настап на два натпревари.
На Ромео Кочоски од ФК Охрид Лихнидос исклучен на натпреварот од четвртфиналето на Куп на Македонија против ФК Вардар-ФК Охрид Лихнидос му се изрекува забрана за вршење на функција од 1 месец.
Давид Матески фудбалер на ФК Охрид Лихнидос исклучен на истиот натпревар од Купот на Македонија му се изрекува забрана за настап на 1 натпревар.
Горан Томоски фудбалер на ФК Беласица исклучен на натпревар од 16 коло против ФК Охрид Лихнидос му се изрекува забрана за настап од 1 натпревар.