Галатсарај последен осминафиналист, постот на Јувентус трае веќе 30 години (ВИДЕО)
Откако основните 90 минути завршија со победа на „бјанконерите“ со 3-0 за израмнување на резултатот, во дополнителните 30 на теренот доминираше гостинскиот тим. Преку Осимен и Јилмаз, Галатасарај успеа да постигне два гола и се избори за пораз од 2-3 кој му беше доволен за пласман во следната фаза.
Со тоа, Јувентус го продолжи својот пост во Лигата на шампионите, кога станува збор за освојувањето на шампионскиот трофеј. Последниот го освои пред точно 30 години, во сега веќе далечната 1996.
Противникот во осминафиналето, Галатасарај ќе го дознае в петок на ждрепката во Нион, а потенцијални ривали му се Ливерпул и Тотнем.