Грми на Бернабе: Бенфика поведе, Реал експресно израмни (ВИДЕО)
Двете екипи имаа неколку шанси во воведните десетина минути, а потоа се затресоа мрежите и на едната и на другата страна. Бенфика го отвори резултатот по една одлична акција во 14. минута откако прво Раул Асенсио можеше да си постигне автогол, Куртоа одбрани, но на одбиената топка налета Рафа Силва и ја смести во мрежата.
Само две минути подоцна, на семафорот веќе беше 1-1. Гостите ја загубија топката на средината на теренот, Чуамени ја украде, а потоа се најде на работ на шеснаесетникот кога Валверде врати и со прецизен удар го совлада противничкиот голман.