Беќири: Имаме шанси утре, но мора да одиграме подобро отколку во Скопје
Иако, Самсунспор беше фаворит и пред првиот натпревар, Беќири верува дека неговиот тим има шанси за успех, но потенцира и дека за тоа мора да одиграат подобро отколку минатиот четврток.
„Нормално дека сакаме успех, но мора да сме на највисоко ниво. Самсунспор е силен тим, меѓутоа верувам дека и ние ќе бидеме подобри утре. Ќе направиме се што е во наша моќ. Првиот натпревар за нас беше тежок, утре ќе играме подефанзивно, а ќе се обидеме и да го наметнеме нашиот ритам. Противникот го анализиравме и ќе се бориме“, порача Беќири.
Утрешниот дуел е закажан за во терминот од 18:45 часот.