Ужасна повреда на Матеј Цветаноски - фудбалер на Слога Добој му ја скршил ногата!
Според информациите на босанските медиуми Цветаноски се здобил со скршеница на ногата и првичните информации се дека го чека долга пауза.
Фудбалерот на Слога, Никола Мандиќ кој стартуваше врз Зветаноски во таа ситуација не доби ниту жолт картон, немаше реакција ниту од ВАР собата, иако на повторените снимки можело да се види дека станува збор за опасен старт и тешка повреда.
Цветаноски веднаш од теренот бил пренесен и во болница со возило на брзата помош.