Одбиена жалбата на Бенфика: Престијани нема да игра против Реал Мадрид
Бенфика поднесе жалба по суспензијата на Престијани поради наводен расистички напад врз Винициус Жуниор од Реал Мадрид, меѓутоа на крајот доби лоша вест на неколку часа пред гостувањето во Шпанија.
Престијани останува суспендиран, а Европската куќа на фудбалот (УЕФА) продолжува со истрагата против него и му се заканува продолжување на санкцијата до 10 натпревари.