Сорлот со хет-трик го испрати Атлетико Мадрид во осминафинале на ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид триумфираа во реваншот против Клуб Бриж со 4-1 и со вкупни 7-4 се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Александер Сорлот по само 23 минути ја затресе мрежата на гостите, откако лошо реагираше голманот Мињоле. Сепак, Клуб Бриж го возврати ударот во продолжение преку Хоел Ордонез.

На стартот на вториот дел Кардосо стрелаше за нова предност на тимот на Диего Симеоне, а победата ја потврди Сорлот со уште два погодоци до крајот на средбата.

Фото: Atletico Madrid/Facebook