Охрид го прегази Пролет за крај на првиот дел од Суперлигата

Ракометарите на Охрид триумфираа против Пролет со 39-23 во последниот меч од првиот дел од сезоната во Суперлигата.

Охрид доминираше на паркетот, а првото полувреме го доби со седум голови предност (16-9). Во вториот дел двете екипи беа поефикасни во нападот, а „гладијаторите“ дополнително ја зголемија предноста до 39-23.

Најефикасен ракометар на мечот беше Давид Савревски од Охрид со 10 голови, додека по пет голови постигнаа Горазд Дамчевски и Никола Стоилевски од Пролет.

Фото: ГРК Охрид - GRK Ohrid