СЕНЗАЦИЈА: Охрид го исфрли Вардар од Купот! (ФОТО+ВИДЕО)

Второлигашот Охрид по подобро изведување на пенали го елиминираше Вардар од Купот на Македонија, натпреварот во регуларниот дел заврши 1-1, во вториот меч Шкендија Арачиново со 1-0 го совлада Работнички.

Охриѓани направија огромно изненадување, го исфрлија Вардар од Купот на Македонија, ова натпреварување ќе има нов освојувач.

Охрид организирано се бранеше и користеше контра напади за да го загрози голот на Вардар кој имаше посед на топка, но се мачеше да креира сериозни шанси.

Првиот дел мина со теренска иницијатива на Вардар, но не и според шансите. Двата тима имаа по две закани.

Во вториот дел сликата беше слична, Вардар напаѓаше, Охрид се бранеше и се обидуваше од контри. Во 58. минута Парталко излезе сам пред Талески, се обиде да го лобува, но голманот на Вардар ја процени ситуацијата и одлично одбрани.

Казната за пропуштеното на Охрид стигна веќе во наредната минута кога Цветковиќ нафрли од левата страна, Омерагиќ се обиде, топката дојде до Николов кој ја смести топката во мрежата на Охриѓани. Вардар поведе со 1-0.

Охриѓани не се предадоа по примениот гол, напротив, веруваа дека можат да израмнат против големиот противник. Тоа се случи во 90. минута кога Матески постигна гол за израмнување на 1-1.

Стрелецот на голот за охриѓани при прославата на голот го соблече дресот, тоа за него беше втор жолт картон, гостите последните минути ги доиграа со фудбалер помалку, но издржаа. Натпреварот отиде во пенал серија.

Пенал серијата добро почна за Вардар, Талески го одбрани првиот удар на Охриѓани, но голманот Серафимов потоа фати две топки на Вардар, промашија Николов и Данев.

Пенал серија:
Охрид: Спиркоски - промашува (Талески брани)
Вардар: Николов - промашува (Серафимов брани)
Охрид: Јахија - гол
Вардар: Цветковиќ - гол
Охрид: Бакрачески - гол
Вардар: Босанчиќ - гол
Охрид: Каланоски - гол
Вардар: Данев - промашува (Серафимов брани)
Охрид: Илиески - гол

Во второто полуфинале кое се одигра денеска, Шкендија Арачиново со 3-1 го победи Работнички, мечот се играше во Куманово.

Головите на Шкендија Арачиново ги постигнаа Десниќ, Жоглев и Назифи, за Работнички погоди Демири.