Звезда очекува 20 милиони евра од талентот со македонско потекло

Црвена Звезда е многу блиску до продажба на еден од своите најголеми таленти Василије Костов.

Офанзивниот играч за врска иако има само 17 години, блеска оваа сезона во дресот на српскиот шампион и постигна голови на голем број важни натпревари со што го привлече вниманието на многу гиганти. За него е заинтересиран Арсенал, но во игра влегува и Интер преку тренерот Кристијан Киву кој е близок пријател со Дејан Станковиќ.

Без разлика кој ќе го купи, Звезда за својот фудбалер очекува отштета од околу 20 милиони евра. Костов има македонски корени, но нема да заигра за нашата репрезентација бидејќи веќе дебитираше за Србија.