Црвена звезда убедливо го победи Партизан - Костов е херојот! (ВИДЕО)
Пред денешниот дерби натпревар формата на Црвена звезда одеше во нагорна линија, за разлика од онаа на Партизан, па шансите за победа на црвено-белите беа поголеми, таквите прогнози се отсликаа и на теренот.
Фудбалерот кој имаше опција да игра и за Македонија, но ја одбра Србија, Василије Костов беше главен на теренот.
Со негов гол пред крајот на првото полувреме Црвена звезда поведе со 1-0.
Тој асистираше и за погодок на Катаи во 77. минута со кој беше постигнат конечниот резултат.
Меѓу овие два погодока, во листата на стрелците се запиша и Арнаутовиќ кој по десет минути игра во вториот дел зголеми на 2-0.
На гол се израдува и Партизан, но им беше поништен по прегледување на ВАР. Вукотиќ промаши пенал, од одбиената топка Костиќ даде гол, но погодокот беше поништен поради преран влез во шеснаесетникот.
По 24 одиграни кола Црвена звезда е прва со 57 бодови, Партизан има 53.