Роналдо се огласи и отворено призна каде сака да игра
Претходно се пишуваше дека е незадоволен затоа што според него Ал Наср не се засилувал како останатите конкуренти, меѓутоа сега порача дека воопшто не размислува за некаква промена.
„Сакам да останам тука. Ова е земја што ме прифати мене, моето семејство и пријателите. Припаѓам во Саудиска Арабија. Среќен сум тука и сакам да останам“, изјави Роналдо по вчерашниот натпревар во кој постигна два гола, а неговиот тим го совлада Ал Хазем со 4-0.
Ќе потсетиме, Роналдо во претходниот период се поврзуваше со повеќе клубови, најчесто со Спортинг и Интер Мајами, меѓутоа очигледно до било каков трансфер нема да дојде во блиска иднина.