Меси може да стане соиграч со екс-фудбалер на Реал Мадрид

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Касемиро веќе потврди дека ќе го напушти „Олд Трафорд“, а според последните информации би можел да стане соиграч со Лионел Меси во Интер Мајами.

Неговиот договор истекува ова лето и во МЛС клубот сакаат да го доведат како замена за Бускетс кој одлучи да се повлече. Во САД, Касемиро би играл во тандем со Родриго Де Пол, но поинтересно е што би ја делел соблекувалната со Меси.

Двајцата фудбалери некогаш водеа жестоки битки во „Ел Класико“ како противници, меѓутоа сега би можеле судбината да ги спои на иста страна. Сепак, веќе навикнавме дека во фудбалот се случуваат вакви работи, а медиумите потсетуваат и дека Меси во ПСЖ беше соиграч и со Серхио Рамос.

Инаку, сезоната во САД за Интер Мајами не почна добро бидејќи тимот во првото коло доживеа пораз од 3-0.