Го уништија Раул Асенсио на социјалните мрежи... (ФОТО)

Стоперот на Реал, Раул Асенсио е во центарот на вниманието на социјалните мрежи откако синоќа беше „излетан“ како мало дете при победничкиот гол на Осасуна.

Дефанзивецот со сомнителни квалитети за Реал прво заостана при офсајд замката, а потоа наседна на финта на Раул Гарсија кој на интелигентен начин се ослободи од него и постигна гол.

Социјалните мрежи експлодираа, се појавија еден куп мемиња со Асенсио за кого дури и се шегуваат дека толку силно зализгал што сега се наоѓа некаде во Јужна Америка.