Хаос по натпреварот на Oсасуна и Реал - настана жестока тепачка! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Осасуна приредија големо изненадување совладувајќи го Реал Мадрид со 2-1 на „Ел Садар“, но во Шпанија по дуелот повеќе се зборува за инцидентите отколку за резултатот.

Сенка врз триумфот фрли жестокиот судир меѓу навивачите и полицијата што избувна веднаш по последниот судиски свиреж.

Како што пренесуваат медиумит хаосот започнал уште за време на натпреварот, кога од јужната трибина било фрлено шише кон голманот на Реал, Куртоа. Белгиецот веднаш го подигнал предметот и му го предал на судијата, по што арбитрот побарал преку разглас да се упати последно предупредување до навивачите.

Сепак, вистинската драма следувала по крајот на мечот. Приватното обезбедување на стадионот се обидело да го лоцира и приведе навивачот кој го гаѓал Куртоа, што предизвикало револт кај останатите фанови на Осасуна на јужната трибина. Набрзо избувнала физичка пресметка, а ситуацијата целосно излегла од контрола.

На трибините интервенирала и Националната полиција, која употребила сила за да ги расчисти нередите. На снимките и фотографиите што се појавија во јавноста се гледа жестока акција на полицијата врз дел од навивачите кои сè уште биле на стадионот и ја славеле победата.

Според официјалните информации, во инцидентот биле уапсени две лица, а во тек е дополнителна идентификација на останатите учесници во тепачката.