МЗТ пак се прошета низ Куманово, Работнички губи од кого стигне
Тогаш шампионот славеше со 26 разлика, а вечерва со 72-56, доволно за уште еден убедлив триумф. Како и тогаш, победникот во ниеден момент не беше доведен во прашање, а на МЗТ му требаше една добра четвртина за да го скрши отпорот на противникот.
Мекејден беше најефикасен со 14 поени, Петков постигна 13, а Војдан 10. Луковиќ оствари дабл дабл со 18 поени и 12 скока, но промаши и осум слободни фрлања.
За разлика од МЗТ Скопје, Работнички губи од кого стигне, па денеска доживеа пораз од еден од најслабите тимови во лигата Гостивар. Домаќините славеа со 68-66 и си ги зголемија шансите за опстанок, а во исто време го вклучија Работнички во друштвото на екипи кои ќе се борат за спас
Црниќ и Младеновиќ беа убедливо најдобри играчи кај Гостивар, првиот постигна 19, а вториот 18 поени. Рикиќ го предводеше Работнички со 21 поен и 13 скока, додека Ефремовски додаде 18 поени, шест скока и шест асистенции.
ТФТ славеше со 84-80 и во добро расположение ќе ја дочека новата пауза во првенството по која му следува клучен меч во АБА 2 лигата. Интересно е тоа што ТФТ вечерва имаше предност и од 18 разлика, но си дозволи во неизвесен финиш да се бори за да дојде до триумфот.
РЕЗУЛТАТИ
Гостивар - Работнички 68-66
МКК Куманово - МЗТ Скопје 56-72
Тиквеш - Маџари 81-91
Кожув - Чаир 81-99
ТФТ - Феникс 84-80