Вардар ја освои Автокоманда и направи голем чекор кон титулата! (ФОТО)
По израмнетиот почеток на натпреварот, Вардар успеа да поведе со 5-3. Сепак, Алкалоид не му дозволи на ривалот да избега, па до крајот на првото полувреме се водеше голема и неизвесна борба, а „црвено-црните“ заминаа со предност од 14-13.
Екипата од Автокоманда подобро го отвори второто полувреме и водеше со 19-17. Сепак, избраниците на Кире Лазаров направија неколку грешки по што Вардар направи пресврт (23-22). Жестоката борба на теренот продолжи и во последните минути од натпреварот, а Вардар успеа да слави со 28-25.
Одличен на голот на Вардар беше Валах со 10 интервенции, додека 10 погодоци имаше Малус. На спротивната страна, Кизиќ имаше девет одбрани, а најефикасен беше Борзаш со девет погодоци.
Вардар го заврши првиот дел од сезоната со 42 бодови, по што следи Пелистер со 38, додека трет е Охрид со 35 и меч помалку од останатите, а четврти е Алкалоид со 35. По нив следат Бутел и Тиквеш со по 22 поени.





