Силва во 95. минута го спаси Дортмунд од пораз кај Лајпциг (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд извлече голем бод на гостувањето кај Лајпциг (2-2) во 23. коло од Бундес лигата.

Баумгартнер двапати ја затресе мрежата на „милионерите“ во првиот дел, и тоа во 20. и 39. минута за предност од 2-0.

Ромуло Кардосо со автогол ја врати надежта на Дортмунд, а Силва во петтата минута од судиското надополнување на вториот дел ги постави конечните 2-2.

Фото: Facebook/Borrusia Dortmund