Галатасарај на колена: Асистенција на Барди за славје на Коњаспор (ВИДЕО)

Коњаспор успеа да го изненади лидерот во турскиот шампионат Галатасарај (2-0) во 23. коло, а македонскиот репрезентативец Енис Барди запиша асистенција на натпреварот.

Првото полувреме помине без голови, по што Галатасарај погоди преку Сане, но погодокот беше поништен поради прекршок од ВАР-технологијата.

Демирбаг во 75. минута првпат ги шокира гостите и донесе предност од 1-0 за Коњаспор, а потоа Барди му асистираше на Крамер за триумф од 2-0.

Фото: Facebook/Konyaspor