Интер го скрши Лече и ја зголеми предноста пред Милан (ВИДЕО)
Интер за првпат ја затресе мрежата на Лече во 51. минута, но ВАР-технологијата го поништи голот поради офсајд.
Домаќините успешно се бранеа во продолжение, сè до 75. минута кога Интер успеа преку Михтарјан и Аканџи во краток период да ги постигне двата погодоци за победа од 2-0.
Интер е прв на табелата со 64 бодови, односно 10 поени повеќе од градскиот ривал Милан.