Прекрасен потег на „Кумани“ - го наполнија теренот со играчки (ВИДЕО)

МЗТ Скопје славеше против Куманово со 72-56 за 15. победа во македонската Суперлига, а на самиот старт од мечот навивачите „Кумани“ направија прекрасен гест.

Навивачите го наполнија паркетот со играчки кои ќе бидат донирани за деца од најранливите категории.

Што се однесува до натпреварот, МЗТ доминираше постојано на паркетот, па уште на полувреме беше јасно дека ќе остварат триумф (46-28), а до крајот на средбата без проблеми го решија ривалот.

Најефикасен во победничкиот тим беше МекКаден со 14 поени, додека Луковиќ запиша 18 поени за Куманово.