Димитријевиќ блесна со 24 поени, но Бамберг го елиминира Баерн од Купот

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ блесна на паркетот во полуфиналето на Купот на Германија, но Баерн Минхен загуби од Бамберг со 97-103.

Баерн го доби првото полувреме со 36-34, додека во второто следеше голема борба на теренот, а победникот се решаваше по продолженија.

Бамберг успеа да го надигра Баерн во дополнителното време со 20-14, односно вкупни 103-97 за пласман во финале на Купот.

Димитријевиќ блесна во дресот на Баерн со 24 поени, додека Обст и Лучиќ запишаа по 17 поени, додека на спортивната страна Вотсон запиша 24 поени, седум асистенции и шест скокови.

Фото: Facebook/Bayern Basketball