Спречен голем инцидент: Управата на Башкими тргна да се тепа со специјалците на МВР! (ВИДЕО)

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар триумфира со 1-0 против Башкими, но по натпреварот имаше големи тензии надвор од стадионот. 

Управата на кумановци ги загуби нервите при заминувањето од комплексот на ФФМ, па сакаше да се пресмета со полицијата, но за среќа неколкумина смирени лица токму од редовите на гостинскиот тим спречија поголем инцидент.

Непријатни сцени имаше и во завршницата на натпреварот кога судијата Керими му покажа црвен картон на Реџеп Мурати, по што гостите се повлекоа и прекинот траеше десетина минути по што одлучија да продолжат со игра.