Внукот на Марко Матераци ќе игра за српската репрезентација
Информацијата ја потврди Фудбалскиот сојуз на нашиот северен сосед кој се пофали дека го убедлив 16-годишниот играч да го облече српскиот дрес. Џанфилипо е внук од брат на легендарниот италијански стопер Марко Матераци, но од мајчина страна има српски корени што било клучно во носењето на оваа одлука.
Помладиот Матераци е напаѓач, роден 2009 година и е стандарден член на У17 тимот на Лацио. Своето деби за српската репрезентација ќе го забележи на 26 февруари против Словенија.