Луд гол во Австралија: Фудбалер погоди од 70 метри (ВИДЕО)

Хуан Мата ја покажа својата класа и во Австралија постигна гол од 40 метри, меѓутоа од фудбалот во оваа земја пристигнува уште еден спектакуларен погодок.

На натпреварот помеѓу Велингтон Феникс и Оукленд беше постигнат гол од далечина од неверојатни 70 метри.

Имено, еден од фидбалерите на гостите сакајќи веројатно да ја расчисти опасноста од својата половина шутираше силно, меѓутоа домашниот чувар на мрежата беше далеку од својот гол, па топката заврши во мрежата.