Победа воскресна - денеска ќе го пречека Новаци
Според информациите од Прилеп, високи фуннционери од овој град, како во ФФМ, така и во општинската организација, направиле напор експресно да се средат некои проблеми за поранешниот шампион на Македонија да го одигра мечот од 16. коло. Победа прво побара овој натпревар да биде одложен за среда, Новаци одби, но сепак прилепскиот клуб успеа да се среди и да направи тим за денешниот дуел.
Победа на овој натпревар ќе мора да игра без публика поради казната од ФФМ, но навивачите веќе се организираат да го следат мечот од место кое е во непосредна близина на стадионот „Гоце Делчев“.