„Да бев на местото на Винисиус, Престијани ќе беше во голем проблем“
По неа, сега се јави и поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели кој, нормално, застана на страната на Винисиус, но и му се закани на аргентинскиот фудбалер.

„Да бев на местото на Винисиус, Престијани ќе беше во голем проблем. Веројатно ќе добиев црвен картон бидејќи ќе ја земев правдата во свои раце“, рече Балотели.
Вториот дел од непријатната епизода ќе биде на програмата в среда кога Реал ќе ја пречека Бенфика во реванш мечот.