Старт на нова ера: Зидан од оваа година се враќа на работа!
По дури 14 години, Дидие Дешан ќе го отстапи селекторското столче, тоа ќе се случи по завршувањето на настапот на Французите на Светското првенство.
Нов селектор ќе биде Зинедин Зидан кој веќе постигнал договор со Фудбалската федерација на Франција.
Наскоро оваа информација се очекува и официјално да биде објавена.
Зидан на тренерската работа се враќа по пауза од пет години.
Заминувањето на Дешан ќе значи крај на една ера на Франција, а доаѓањето на Зидан треба да означи почеток на друга, се предвидува дека и тој ќе има долг мандат.