Почнуваат и второлигашите - секој меч ќе биде важен!

Денеска почнува вториот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), сезоната ќе биде исклучително интересна бидејќи сите тимови се борат за нешто.

Намалувањето на лигите од наредната сезона, ја прават оваа кампања ептен возбудлива. Досега се одиграа 15 кола, остануваат уште толку.

Лидер е Охрид со 36 бодови, но само бод помалку има Шкендија, а тука е и Брегалница. Првиот влегува директно во Првата лига, а екипите од второто до петтото место ќе играат бараж. Вториот ќе игра против петтиот, а третиот против четвртиот. Победниците од овие дуели ќе се сретнат со двата прволигаши кои ќе се најдат на местата за бараж.

Дури пет екипи директно ќе испаднат од лигата, а оние кои ќе се пласираат од 9. до 11. место ќе играат баражи со третолигашите.

Останува да се види и каква ќе биде ситуацијата со Победа, дали легендарниот прилепски клуб ќе најде сили да ја продолжи сезоната или ќе пропадне. Тие се на 13. место со 11 освоени бода, пет помалку од првата екипа која е на бараж позиција. Прилепчани денеска го пречекуваат Новаци, нејасно е дали овој меч воопшто ќе започне.

ВМФЛ 16. коло 14 часот:

Беласица - Охрид
Детонит - Големо Коњари
Кожуф - Брегалница
Осогово - Каменица Саса
Победа - Новаци
Шкендија (А) - Преспа
Слога Виница - Скопје
Тетекс - Вардар Неготино

Табела: Охрид 36, Шкендија (А) 35, Брегалница 33, Беласица 31, Скопје 29, Новаци 27, Детонит 26, Осогово 24, Кожуф 22, Каменица Саса 17, Тетекс 17, Вардар Неготино 12, Победа 11, Преспа 9, Слога Виница 7, Големо Коњари 3.