Внукот на Марко Матераци ќе игра за српската репрезентација

Тинејџерот Џанфилипо Матераци, член на Лацио се најде на списокот на кадетската репрезентација на Србија.

Информацијата ја потврди Фудбалскиот сојуз на нашиот северен сосед кој се пофали дека го убедлив 16-годишниот играч да го облече српскиот дрес. Џанфилипо е внук од брат на легендарниот италијански стопер Марко Матераци, но од мајчина страна има српски корени што било клучно во носењето на оваа одлука.

Помладиот Матераци е напаѓач, роден 2009 година и е стандарден член на У17 тимот на Лацио. Своето деби за српската репрезентација ќе го забележи на 26 февруари против Словенија.