Клаебо е чудо: Стана најуспешниот спортист во историјата на ЗОИ!

Невероајтниот Јоханес Клаебо освои уште едно, шесто злато на Олимписките игри во Милано и Кортина откако денеска убедливо ја остави конкуренцијата зад себе на трката од 50 километри.

Со овој медал Клаебо урна и рекорд станувајќи првиот спортист кој успеал на едни Олимписки игри да освои шест златни медали, рекордер со пет досега беше Американецот Ерик Хајден.

Денешната трка беше само уште еден доказ за неговата супериорност во овој момент. Зад него останаа сонародниците Емил Иверсен и Мартин Ловстром.

Клаебо е рекордер и кога во прашање е вкупниот број на златни медали, ги има 11 со што се истакна како најуспешен машки спортист во историјата. Сепак, ако се сметаат и летните Олимписки игри тука на врвот е легендарниот пливач, Мајкл Фелпс со 23 златни медали.

Фото: ЕPA