Престијани признал вина, но не за расизам!

Младиот аргентински фудбалер кој се најде во центарот на вниманието поради инцидентот со Винисиус, бил на сослушување во УЕФА и признал вина, но не поради расизам.

Престијани ја раскажал својата верзија на настанот, кажал дека упатил навредлив збор кон Винисиус, но тоа не било за бојата на неговата кожа, туку се работи за хомофобична навреда.

Ако УЕФА доследно ги почитува правилата, Престијани ќе добие долга суспензија без разлика дали навредата ќе биде оценета како расистичка или хомофобична.

Членот 14 од регулативата на УЕФА предвидува иста казна за навреди врз основа на раса, боја на кожа, етничко потекло, религија, пол или сексуална ориентација. А тоа значи дека и расизмот и хомофобијата се во ист кош и Аргентинецот со своето признание нема да изнуди поблага казна.

Престијани може да добие суспензија 10 натпревари или казна за определен временски период.