„Сопругата на Престијани сигурно го изневерила со црнец“
Бразилецот го обвини 20-годишниот Аргентинец дека по постигнатиот гол и неговата прослава го навредувал на расна основа, таа ситуација стана предмет на бројни коментари.
За целата ситуација се огласи и темпераментниот сонародник на Винисиус, Фелипе Мело. Поранешниот фудбалер на Јувентус, Интер и Галатасарај кој денес има 42 година испрати брутална порака.
„Не сакам расисти, ниту луѓе што ги бранат расистите. Сопругата на Престијани сигурно го изневерила со црнец. Винисиус може да слави како што сака“, гласи пораката Мело.
За целиот случај ќе потсетиме истрага отвори и УЕФА, па во наредниот период би можеле да бидат поделени и казни.