Јанис потврди - завршува неговата ера во Милвоки!
Оваа информација ја потврди и самиот кошаркар, кој потенцираше дека ако сѐ зависело од него, можеби и досега веќе ќе бил заминат.
„Сега сум во Милвоки Бакс. Не е сѐ до мене, да зависеше само од мене, можеби веќе ќе заминев. Следното лето ќе биде во мои раце, кога ќе бидам слободен играч“, изјави Адетокумбо.
Милвоки го избра Адетокумбо во 2013 година како 15. пик на драфтот, а грчкиот кошаркар експресно напредуваше и се разви во еден од најдоминантните кошаркари во лигата.
Неговиот најголем успех дојде во 2021 година, кога го предводеше Милвоки до шампионската титула. Во решавачкиот натпревар од финалето постигна 50 поени и заслужено беше прогласен за најкорисен играч на финалната серија.
Во актуелната сезона Адетокумбо просечно остварува околу 28 поени, 10 скока и повеќе од пет асистенции по натпревар, што е јасен показател дека се наоѓа во врвна форма и повторно е меѓу главните кандидати за најпрестижните индивидуални признанија.