Со кукавичка игра не се станува шампион: Арсенал изгуби два бода од „фенерџијата“ (ВИДЕО)
Киксот на „топчиите“ е дополнително неверојатен ако се знае дека по десетина минути игра во второто полувреме, лондонскиот тим водеше со 2-0, благодарение на головите на Сака и Инкапи. Но, место да го догази испаднатиот ривал и да ја крене самодовербата пред дербито со Тотнем, Арсенал се повлече, па прво Буено намали, а во судиското продолжение по киксот на одбраната, Калафјори си постигна автогол за кој воопшто не беше виновен бидејќи топката едноставно удри во него.
Арсенал сега има 58 бода, пет повеќе од Манчестер Сити, но и натпревар плус во однос на најголемиот ривал за титулата. Ако се знае дека во април Сити ќе го дочека Арсенал, станува јасно дека во последните 12 кола ќе се води тешка борба за шампионскиот трофеј во Премиер лигата.