Ибраими: Сонот го исполнивме, сега сакаме да одиме што подалеку

Шкендија утре ја чека натпреварот во Конференциската лига против Самсунспор, а денеска тетовскиот клуб ја одржа и редовната прес-конференција.

Заедно со тренерот Јетон Беќири пред новинарите излезе и капитенот на тимот, ветеранот Бесарт Ибраими.

„Сонот веќе го остваривме, сега сакаме да одиме што подалеку во Европа. Атмосферата е одлична, сакаме да победиме и утре и во реваншот. Зошто да не го направиме тоа? Знаеме дека противникот е силен, фаворити се, но и ние покажавме дека можеме да одиграме на високо ниво“, изјави Ибраими.

Натпреварот на арената во Скопје утре е закажан за во терминот од 21:00 часот, додека седум дена подоцна е реваншот во Турција.